четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман: Заслугите за освојување на Суперкупот им припаѓаат на другите луѓе, не на мене

Нагелсман: Заслугите за освојување на Суперкупот им припаѓаат на другите луѓе, не на мене

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман сите заслуги за победата над Борусија Дортмунд (3:1) во натпреварот за германскиот Суперкуп ги препиша на фудбалерите и поранешниот шеф на стручниот штаб.

– Немаме многу време за славење. Оваа титула е награда за работата во минатата сезона, бидејќи Ханс Дитер Флик ја освои лигата со овој тим. Среќен сум, но титулата им припаѓа на други луѓе, а не на мене.

Се браневме многу добро и игравме на агресивен начин. Заслуживме да победиме, истакна Нагелсман.

Тој го замени Ханс-Дитер Флик на оваа позиција пред почетокот на сезоната. Ова е прв трофеј за Нагелсман во неговата кариера.