Учеството во Лигата на шампионите за Јувенутс е доведено до теорија затоа што клубот остана без 15 поени освони оваа сезона, а тоа сигурно ќе има финансиски импликации кои ќе влијаат врз составот следната сезона.
Новиот борд на директори на клубот планирал да ги намали трошоците, па наредното лето ќе се ослободи од голем дел од ѕвездите кои го носат дресот на клубот.
Идејата е од Јувентус да си заминат Анхел Ди Марија, Алекс Сандро, Адриен Рабио, Леандро Паредес и Хуан Квадрадо со што значително би се намалиле трошоците за плати.
Освен овие играчи, клубот би можел да го напушти и Душан Влаховиќ доколку на адреса на Јувентус пристигне примамлива понуда.