Италијанскиот прволигаш Наполи одлучи да му дозволи трансфер на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, доколку се јави клуб, кој е подготвен да плати обесштетување во висина од 110 милиони евра.
Соиграчот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, според италијанските медиуми, одбил значително зголемување на своите примања и ќе го напушти Наполи, бидејќи сака да потпише со клуб со кој ќе настапува во Лигата на шампиони.
Весникот „Газета дело Спорт“ тврди дека за Осимен има интерес од премиерлигашите Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл.
Нигерискиот 23-годишен репрезентативец дојде во Наполи пред две години од Лил за сума од 75 милиони евра.