сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи го доведе Џакомо Распадори

Наполи го доведе Џакомо Распадори

Наполи продолжува со силни трансферни активности во последните неколку дена. По потписите на Џовани Симеоне и Тангуј Ндомбеле, клубот го официјализираше договорот со напаѓачот на Сасуоло, Џакомо Распадори.

Трансферот е реализиран со едногодишна позајмица за 5 милиони евра, а вклучува задолжителна опција за купување во износ од 25 милиони евра. ч.

Офанзивниот фудбалер за првиот тим на Сасуоло одигра 82 натпревари на кои постигна 18 гола и забележа девет асистенции. Тој е и италијански репрезентативец со 13 настапи, три гола и една асистенција за националниот тим со кој пред една година стана европски првак.