Наполи дојде до четвртата победа во четвртиот натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона откако уште еднаш го совладаа Ајакс овојпат на „Диего Марадона“ со 4-2.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот.
Наполи поведе со гол на Лозано уште во четвртата минута, а десетина минути подоцна погоди и Распадори за водство од 2-0.
Во четвртата минута од вториот дел Ајакс успеа да намали на -1 со гол на Класенс, но во 62. минута од пенал Кваратцхелија го врати водството од два гола за Наполи.
Беше досуден пенал и за Ајакс, во 83. минута од белата точка намали Бергвајн и ги врати надежите на неговиот тим, но во 90. минута Осимен постигна гол за конечни 4-2.
Ајакс со максимални 12 бодови на две кола пред крајот обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите.
Таму се пласира и Клуб Бриж кој одигра 0-0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Белгискиот тим има десет бодови.
Атлетико Мадрид има само четири бода, по три имаат Порто и Баер Леверкузен, но тие имаат и натпревар помалку, сега ќе го играат својот меѓусебен дуел.