Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека е подготвен да го продаде лидерот на тимот, Лоренцо Инсиње, само ако некој клуб е подготвен за него да издвои 200 милиони евра.
-Ние сме подготвени да го продадеме Инсиње, ако за него добиеме понуда во вредност од 200 милиони евра. Таа сума едноставно ја имаме усно договорено со неговиот агент, соопшти Де Лаурентис.
Инсиње има актуелен договор со Наполи до 2022 година.
27-годишниот Инсиње кариерата ја почна во 2010 година во Наполи. На почетокот играше како позајмен фудбалер во Кавезе, Фоџа и Пескара, а од 2012 се врати во Неапол.
Од 2012 година е италијански репрезентативец.