среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи ќе го продава Кулибали

Наполи ќе го продава Кулибали

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи одлучи да го продаде дефанзивецот Калиду Кулибали, по крајот на актуелната сезона.

Главна причина за оваа одлука е неговата плата од 11 милиони евра годишно. Наполи се обидува да ги намали трошоците, кои со сигурност ќе бидат поголеми доколку екипата на Гатузо не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Кулибали во овој случај ќе биде жртвено јагне со цел клубот од Неапол да не западне во поголеми финансиски проблеми, кој секако е оштетен поради пандемијата со корона-вирусот.

Останува да се види дали за Кулибали сè уште постои интерес, пред сè од гигантите како ПСЖ, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер сити кои за него беа заинтересирани и нудеа голема сума на пари за негов агажман.