Наполи ќе се обиде да го врати напаѓачот Единсон Кавани, кој е слободен агент уште од ова лето по истекот на неговиот договор со Пари Сен Жермен, пишува француското издание „Le10Sport“.
Неаполитанците го контактирале „матадорот“ и ќе се обидат да го вратат на „Сан Паоло“.
Триесет и три-годишниот Уругваец играше за Наполи во периодот 2011-13 и постигна 104 голови на 138 натпревари до неговиот трансфер во ПСЖ за 64 милиони евра.
Интер и Атлетико Мадрид, исто така, се заинтересирани за Кавани.