среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи нема намера да го продава Кварацхелија

Наполи нема намера да го продава Кварацхелија

Портпаролот на Наполи, Никола Ломбардо, ја информира јавноста дека клубот нема намера да го продава играчот од средниот ред Хвич Кварацхелија.

Деновиве се појавија информации дека за Грузиецот се заинтересирани премиерлигашите Ливерпул и Манчестер сити.

-Пишуваат дека Манчестер сити и Ливерпул се заинтересирани за трансфер на Кварацхелија. Немаме желба да го продадеме, истакна Ломбардо.

Кварацхелија се пресели во Наполи од Динамо Батуми во 2022 година. Неговиот договор со клубот е до летото 2027 година.

Сезонава за италијанскиот клуб фудбалерот одигра 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум голови и осум асистенции.