вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи прв пат победи на гостински терен во нокаут фазата во ЛШ

Наполи прв пат победи на гостински терен во нокаут фазата во ЛШ

Со триумфот синоќа од 2-0 против Ајнтрахт во Франкфурт во рамки на првиот натпревар од осминафиналето, Наполи ја забележа првата победа во клупската историја на гостински терен во нокаут фазата во Лигата на шампиони (ЛШ).

Наполи стекна голема предност пред реваншот на 15 март во Неапол со головите на Виктор Осимен (40 минута) и Џовани Ди Лоренцо (65).

Италијанскиот клуб сезонава дојде до бројката од 22 голови во ЛШ и е најефикасен клуб во елитното натпреварување, а Нигериецот Осимен со 24 години и 54 денови стана најмладиот фудбалер на Наполи кој постигнал гол во нокаут фазата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра завршните 10 минути на дуелот во Франкфурт влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Ирвинг Лозано.