Наполи размислува да го продаде македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас. Според италијанските медиуми, претседателот Аурелио Де Лаурентис порачал дека нема „недопирливи“ фудбалери на Наполи, и понудите кои ќе стигнат ќе бидат разгледувани.
Де Лаурентис е незадоволен поради загубената трка за Скудетото и сака „ремонт“ во играчкиот кадар. Елмас во август 2020 година потпиша нов договор со Наполи кој има важност до јуни 2025 година.
Елмас е проценет на 24 милиони евра, годишната плата му е 1,97 милиони евра, но Наполи не би го продал за помалку од 40 милиони, а тоа е повеќе од двојно од износот кој му го платија на Фенербахче за македонскиот Дијамант.