среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи ремизираше против Калјари

Наполи ремизираше против Калјари

Италијанскиот фудбалски тим Наполи на Елиф Елмас не ја оправда улогата на фаворит на денешното гостување кај Калјари и со тоа пропушти шанса да ја преземе лидерската позиција во Серија А. Наполитанците не беа на посакуваното ниво на средбата на Сардинија на која сепак на крајот успеаа да останат непоразени благодарение на погодокот на резервистот Осимен во 87 минута. Домашниот тим водеше со 1-0 од 58 минута кога Переиро го совлада Оспина.

Овој резултат беше активен се до завршницата кога по центаршутот на Марко Руи одлично реагираше Осимен за конечни 1-1.

Наполи со 54 поени е на третата позиција зад Милан и Интер.