петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи убедлив, Елмас со асистенција и изнуден пенал (ВИДЕО)

Наполи убедлив, Елмас со асистенција и изнуден пенал (ВИДЕО)

Наполи го прескокна Милан после денешната победа во пресрет на вечерашното дерби на „росонерите“ против Јувентус, а наполитанците за помалку од еден час ја завршија работата против најслабиот тим во Калчото.

Во првиот дел блескаше Елмас, кој во 17-та со асистенција со рамо му овозможи на Жуан Жесус да даде гол за водство, а потоа имаше свое вистинско шоу откако цела одбрана на Салернитана ја издрибла за да изнуди пенал, откако противниците не можеа да го задржат, па Дрес Мертенс во судиското надополнување во првиот дел погоди за второ водство со 2-1, откако Бонацоли во 33-та даде гол за израмнување.

Наполи даде уште два гола во вториот дел, прво Амир Рахмани по асистенција на Мертенс во 47-та, а потоа Лоренцо Инсиње од пенал во 51-та за да се реши прашањето за победникот.