среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи врза три победи под водство на Гатузо

Наполи врза три победи под водство на Гатузо

Наполи синоќа на гостински терен ја совлада Сампдорија со 4:2 во последниот дуел од 22-то коло од Серија А. Оваа победа беше трета по ред за неаполитанците под водство на тренерот Гатузо. Претходно, по неговото доаѓање на тренерската позиција,  клубот изгуби четири од шест одиграни натпревари.

Сега билансот на тимот со Гатузо е пет победи и четири порази.

Наполи е на 9. место во Италијанското фудбалско првенство со 30 бода.