Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски нема да го продолжи договорот со својот клуб Лидс и голема е веројатноста дека од следната сезона ќе нов клуб во својата кариера.
Клубот од Неапол каде настапува репрезентативниот колега Елиф Елмас е заинтересиран за услугите на Алиоски, а дополнително поради тоа што нема да плати ни евро за фудбалерот, бидејќи по завршувањето на сезоната популарниот Џани ќе биде слободен играч.
Наполитанците се подготвени да му исплатат одреден бонус за да го обезбедат неговиот потпис.