среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Натпреварот Наполи – Салернитана може да биде презакажан

Натпреварот Наполи – Салернитана може да биде презакажан

Претседателот на Серија А, Лоренцо Казини изјави дека натпреварот од 32. коло на Серија А меѓу Наполи и Салернитана може да биде презакажан доколку италијанското Министерство за внатрешни работи оцени дека има закана за јавниот ред.

Општина Неапол претходно побара натпреварот да се префрли од сабота в недела (30 април), за да се игра истовремено со средбата Интер – Лацио, поради загриженоста за јавната безбедност.

-Во контакт сме со Националната опсерваторија за спортски активности на МВР. Доколку има причини да се одложи натпреварот поради јавен ред, лигата ќе се прилагоди, изјави Казини.

Доколку Наполи ја победи Салернитана, а второпласираниот Лацио не успее да го победи Интер, тогаш тимот на Лучијано Спалети и официјално ќе го освои Скудетото, прво по повеќе од три децении.