понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар го спаси Бразил од пораз

Нејмар го спаси Бразил од пораз

Репрезентацијата на Бразил ноќеска избегна пораз од Колумбија во пријателски натпревар одигран во САД. Најзаслужен за ова е Нејмар кој на првиот натпревар за него оваа сезона постигна гол и асистираше.

За потсетување, Нејмар немаше одиграно натпревар од 6 јуни кога го повреди стапалото на пријателскиот дуел со Катар, поради што го пропушти и Купот на Америка.

Конечниот резултат е 2:2 а покрај Нејмар кој погоди во 58.минута, гол за Бразил постигна и Каземиро во 19. минута.