За два дена започнува Светското првенство во Катар и освен игрите на кои сите со нетрпение очекуваме, не само играчите се подготвуваат за овој голем настан, туку и жестоките навивачки.
Атрактивните навивачки привлекуваат голем интерес кај фоторепортерите и медиумите. Нивните фотографии го обиколуваат светот, па често прават кариери како модели или коментатори.
Во продолжение погледнете кои од нив се прославија на фудбалските првенства – дали навиваа од стадион или пред малите екрани.
Сигурно најпозната навивачка во регионот е Ивана Кнол, од Хрватска.
Навивачката Лариса Рикелме го привлече вниманието на јавноста на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.
Марта Барчок од Полска беше прогласена за Мис на Евро 2016 година кога во Франција ја бодреше репрезентацијата на својата земја, која потоа стигна до четвртфиналето.