среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нема веќе билети: Мечот Македонија – Германија е распродаден

Нема веќе билети: Мечот Македонија – Германија е распродаден

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има полна поддршка во следниот квалификациски натпревар во квалификациите за СП 2022 против Германија, затоа што сите билети се распродадени.

Информацијата ја објавија од Фудбалската федерација на Македонија. Натпреварот ќе се одигра на 11 октомври на Националната арена во Скопје. Во продажба пуштен беше половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Од ФФМ ги повикаа сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија.