четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Немања Матиќ на чекор до трансфер во Рома

Немања Матиќ на чекор до трансфер во Рома

Српскиот фудбалер Немања Матиќ е пред трансфер во Рома каде повторно ќе соработува со португалскиот стратег Жозе Мурињо, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, до реализација на трансферот преостанува да се договорат уште некои детали, а италијанскиот прволигаш за услугите на српскиот играч за врска нема да плати обесштетување.

Најавите се дека Матиќ ќе го напушти Манчестер јунајтед за да потпише едногодишен договор со Рома со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Да се забрза трансферот на Матиќ помогна и тоа што ерменскиот репрезентативец Хенрик Мктаријан одби да го продолжи д оговорот со Рома и заминува во Интер без обесштетување.