четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ненадејно почина уште еден новинар на Мундијалот во Катар

Ненадејно почина уште еден новинар на Мундијалот во Катар

Уште еден новинар ненадејно почина додека известуваше од Светското фудбалско првенство во Катар, само 48 часа по смртта на Грант Вол.

Катарскиот фоторепортер Халид ал-Мислам, кој работеше за Al Kass TV, починал вчера.

„Ал-Мислам, Катарец, ненадејно почина додека известуваше од ФИФА Светското првенство во Катар 2022. Веруваме во милоста на Алах и изразуваме најдлабоко сочувство за семејството“, објави Gulf Times на Twitter.

Околностите за смртта на Ал-Мислам во моментов се нејасни.

Вол (48) ненадејно почина наводно од срцев застој додека известуваше од четвртфиналниот натпревар меѓу Холандија и Аргентина во Доха.

Американските медиуми во негова близина известија едка Вал паднал на местото каде што седел за време на продолженијата и веднаш потоа била викната итна помош.

Тој подоцна почина. Вал претходно се најде на насловните страници ширум светот откако тврдеше дека му било одбиено да влезе на натпревар во Катар бидејќи носел маица со боите на виножитото, симбол на ЛГБТИ заедницата.