вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Несторовски: Алекс Трајковски докторе, браво момци, секоја чест

Несторовски: Алекс Трајковски докторе, браво момци, секоја чест

Македонската А репрезентација ја совлада Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Нашите најдобри фудбалери се на еден чекор од пласман на Мундијалот, а последна пречка е селекцијата на Португалија против која ќе играме на 29 март во Порто.

Илија Несторовски, играчот на Удинезе, кој поради немањето минутажа во својот клуб оваа сезона не се најде во составот на селекторот Благоја Милевски, иако кај напаѓачот имаше голема желба да игра на овие најважни мечеви во нашата историја.

Екс членот на Палермо, исто така им честиташе на своите репрезентативни колеги преку социјалните мрежи:

– Браво момци, Секоја чест, Алекс Трајковски докторе – напиша Несторовски на Фејсбук.