четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Никола Секулов во Јувентус до 2025 година

Никола Секулов во Јувентус до 2025 година

Поранешниот македонски младински репрезентативец Никола Секулов, кој пред две години реши да настапува за Италија и го смени спортскиот пасош, доби нов четиригодишен договор од Јувентус со важност до 2025 година.

Секулов, кој е роден во Пјаченца во младинскиот погон на Јувентус дојде пред пет години откако претходно првите фудбалски чекори ги направи во Пјаченца, Парма и Про Пјаченца, па стандардно играше за младинските категории на „старата дама“ до 15, 17, 19 и 23 години.

Офанзивниот фудбалер за врска со продолжување на соработката даде до знаење дека „старата дама“ сериозно смета на него во иднина, па нема да биде и изненадување ако во следниот период дури и да дебитира за првиот тим.

Секулов беше дел од македонската селекција до 15, 16 и 17 години, а потоа од декември 2018 година почна да игра за италијанските младински селекции и досега има осум настапи за селекцијата до 17 години, шест за таа до 18 години и три за селекцијата до 20 години.