четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Њукасл може да го ангажира Инсиње бесплатно следното лето

Њукасл може да го ангажира Инсиње бесплатно следното лето

Њукасл покажува интерес за напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, објави новинарот Николо Шира.

Англискиот клуб ја следи моменталната ситуација на 30-годишниот Италијанец и е подготвен да го ангажира фудбалерот како слободен играч следното лето.

Во сезоната 2021/22, Инсиње одигра 14 натпревари за Наполи, постигна пет гола и четири асистенции.

Актуелниот договор на фудбалерот со клубот од Неапол е со важност до крајот на јуни 2022 година.