Капитенот на Баерн Минхен, 36-годишниот голман Мануел Ноер, го продолжи договорот со германскиот фудбалски гигант до лето 2024 година.
Ноер дојде во Баерн во 2011 година од Шалке и во изминатите 11 сезони со клубот од Минхен освои десет германски титули, пет трофеи во националниот куп, а два пати триумфираше во Лигата на шампиони.
Ноер во кариерата има 473 настапи за Баерн, а бранеше на 109 натпревари на голот на Германија со која во 2014 година ја освои светската титула.
-Мануел Ноер е најдобриот голман во светот, изјави неговиот претходник на голот на Баерн и германската репрезентација Оливер Кан.
-Да се задржиш на светскиот врв толку долго време е неверојатно достигнување, додаде извршниот директор на минхенски Баерн. (МИА)