понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ново шоу на Мурињо: Не го заборави и холандскиот новинар кој го провоцираше (ВИДЕО)

Ново шоу на Мурињо: Не го заборави и холандскиот новинар кој го провоцираше (ВИДЕО)

Жозе Мурињо беше посебно расположен по вчерашниот пласман на Рома во полуфиналето од Лигата на Европа.

Португалецот прво имаше шоу пред трибините, па во микс-зоната го „пецна“ Антонио Касано, за потоа на прес-конференција да не му остане „должен“ и на еден холандски новинар.

Пред натпреварот со Феенорд холандскиот новинар испрати провокација до Мурињо со прашањата за минатогодишното финале, а Мурињо не го заборави тоа.

„Имам подарок за тебе. Прекрасен е нели?“, му кажа Жозе на новинарот давајќи му привезок на минијатурен трофеј од Конференциската лига.

„Ова ќе му го дадам на нашиот тренер“, одговори новинарот, на тоа Мурињо возврати:

„Тоа е за да не плачете во наредните десет месеци. Ќе го освоите првенство, играте добро и не плачете“.