Вистинскиот инцидент се случи во Наполи пред неколку дена, а секако се се однесува на видеото кое беше објавено на ТикТок профилот на Наполи.
Администраторот на ТикТок профилот на Наполи објави видео во кое го исмеваат својот напаѓач за промашениот пенал против Болоња. После тоа, Осимен реши да ги избрише сите фотографии кои ги имаше на својот Инстаграм профил, а кои го поврзуваа со Наполи.
Неговиот менаџер најави тужба, а веќе другите клубови ја следат ситуацијата и се подготвени да издвојат голема сума на пари за него. Ова се однесува на Челзи.
„За да избегнеме поголеми проблеми, нагласуваме дека никогаш не сме сакале да го навредуваме или исмејуваме Осимен, тој е богатството на овој клуб. За да се докаже сето ова, повторуваме дека клубот одлучно ја одбиваше секоја понуда што дојде за Осимен.
Социјалните мрежи, особено TikTok, отсекогаш биле за шеги, но без никаква намера за навреда или исмејување. Во секој случај, ако Осимен се чувствув навреден, тоа не беше она што клубот сакаше да го постигне“, се вели во соопштението на Наполи.