недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОД СОЛЗИТЕ НЕ МОЖЕШЕ ДА ДОЈДЕ ДО ЗБОР – се огласи сопругата на загинатиот голман кој се уште е поклопен под урнатините: Овде нема дигалки се е срамнето со земја! (ВИДЕО)

ОД СОЛЗИТЕ НЕ МОЖЕШЕ ДА ДОЈДЕ ДО ЗБОР – се огласи сопругата на загинатиот голман кој се уште е поклопен под урнатините: Овде нема дигалки се е срамнето со земја! (ВИДЕО)

Голманот на Малатија, Ахмет Ејуп Туркаслан се уште е под урнатините и спасувачките екипи не можат да остварат контакт со него ниту да го најдат во урнатините.

Цела Турција е загрижена за животот на голманот кој остана заробен под урнатините откако се урна зградата во која живееше.

Апел за помош преку социјалните мрежи испрати неговата сопруга Кубра Туркаслан, која упати крик за помош до цела Турција.

– Ова место е многу лошо. Помогни му на Ејуп. Помош, 30 часа не знаеме што се случува под урнатините. Без дигалки, багери, ништо. Hикој не може да го извлече од под урнатините. Ве молам, помогнете, овде се е израмнето со земјата, во солзи изјави сопругата на голманот.

Иако на дел од медиумите и социјалните мрежи се појави информација дека е пронајдено телото на голманот Малатија, од клубот демантираа и се уште ништо не е официјално.