Во текот на денешниот ден се најавуваше дека Данецот ќе се раздели со миланските „нераѕури“, тоа сега го потврдија од клубот. Кристијан Ериксен не е повеќе играч на Интер со кој успеа лани да ја освои титулата во италијанската Серија А, а во сезоната 2019/20 беше финалист во Лига Европа.
Овој фудбалер доживеа срцев удар на стартот од Европското првенство годинава, а со брзата реакција на лекарите беше спасен животот на играчот.
По поставувањето на дефибрилаторот, репрезентативецот на Данска доби дозвола да продолжи да игра фудбал. Но, тоа нема да може да го направи во Италија, каде што постои правило кое забранува настапи на играчи кои имаат било какви срцеви проблеми.
Изминатиов месец тренираше во својата земја со Оденсе. Во својата клупска кариера 29-годишниот Ериксен за врска во нападот настапуваше уште за Ајакс и Тотенхем.
🚨 | STATEMENT@ChrisEriksen8 👇 https://t.co/gcYXXlDJo0
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter_en) December 17, 2021
📸 | CHRIS
ALL THE BEST, @ChrisEriksen8!
We've experienced some unforgettable moments together 🖤💙 pic.twitter.com/b7HrUzh8WO
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter_en) December 17, 2021
– Интер може да потврди дека е постигнат договор за раскинување на договорот со Кристијан Ериксен со заедничка согласност. Клубот и целото семејство на Нероѕурите му посакуваат на Кристијан сè најдобро за неговата иднина.
Иако Интер и Кристијан сега се разделуваат, врската никогаш нема да се прекине. Добрите времиња, головите, победите, оние прослави на Скудетото со навивачите надвор од Сан Сиро – сето тоа ќе остане засекогаш во историјата на Нераѕурите – пренесува миланскиот клуб.