Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Триесет и тригодишниот специјалист ќе го води клубот од Минхен од 1 јули 2021 година. Двата клуба го потврдија договорот.
Нагелсман потпиша договор за период од 5 години.
Баерн објави дека го исполнил барањето на сегашниот тренер Ханс-Дитер Флик да го раскине договорот. Наместо на 30 јуни 2023 година, договорот на Флик сега важи до 30 јуни 2021 година.
Претходно стана познато дека Нагелсман во новиот клуб ќе добива 8 милиони евра годишно. Баерн ќе му плати на Лајпциг отштета за заминувањето на тренерот, што може да изнесува 25 милиони евра, земајќи ги предвид различните бонуси.
Julian Nagelsmann to join FC Bayern as head coach. Hansi Flick’s contract will be terminated upon request. pic.twitter.com/tJBpXSiozu
— 🏆🏆🏆FC Bayern English🏆🏆🏆 (@FCBayernEN) April 27, 2021