Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е задоволен од своето издание на натпреварот во Лига Европа против Лестер (2:2).
– Среќен сум што му помогнав на тимот со два гола, но најважно е што играме како тим и постигнавме погодоци и освоивме бод на почетокот на Лигата на Европа, изјави Осимен за официјалната веб-страница на УЕФА.
Во следното коло од Лига Европа, Лестер ќе игра на гости кај Легија, додека Наполи ќе го пречека Спартак. Натпреварите ќе се одиграат на 30 септември.
Лидер во Ц-групата по почетното коло е Легија со три бода, Наполи и Лестер имаат по бод, Спартак Москва е последен без освоен бод.