понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев суспендиран на еден натпревар

Пандев суспендиран на еден натпревар

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е казнет со еден натпревар суспензија поради црвениот картон, кој викендов го доби на мечот против Фиорентина.

Дисциплинската комисија на Серија А го санкционираше Пандев за опасниот старт со две нозе врз играчот на Фиорентина.

Тој нема да настапи на последното гостување за Џенова во сабота против Беневенто, но ќе биде во комбинација за последниот натпревар сезонава против Торино на домашен терен.