недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Паоло Дибала го напушти теренот со солзи во очите

Паоло Дибала го напушти теренот со солзи во очите

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ги замолкна шпекулациите за негово заминување од Рома по победата која ја оствари неговиот тим на гостувањето во Калјари, кое сепак не беше целосно добро за клубот од италијанската престолнина.

Пауло имаше еден жесток судир со противнички фудбалер и веднаш алармираше со своите болни гримаси, а загрижувачка изјава по натпреварот даде и искусниот Мурињо.

Дибала го напушти теренот со солзи во очите, па бидејќи се работи за повреда на коленото, првите импресии не се воопшто оптимистички.

– Јас ги слушам моите играчи. Пауло не е оптимист за повредата и затоа и јас не сум оптимист. Мора да почекаме неколку дена додека да бидат направени резултати, но јас верувам на искуството кое го имаат моите фудбалери. Тој добро си го познава телото, Пауло не е оптимист, па не можам да бидам и јас. Медицинските лица се огласуваат само откако ќе бидат направени сите тестови, – изјави Мурињо.