Шест натпревари и шест победи за фудбалерите на Рома во шампионатот и Конференциската лига го подигнаа ентузијазмот на римските фанови.
Тренерот Жозе Мурињо синоќа објави дека играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини ќе потпише нов договор со тимот од главниот град на Италија.
Моменталниот договор на 25-годишниот капитен на тимот со клубот е со важност до крајот на тековната сезона.
Пелегрини игра за Рома од 2017 година. Фудбалерот за врска ќе потпише нов договор со плата од три милиони евра годишно. Во исто време, клаузулата за откуп на фудбалер за 30 милиони евра ќе биде отстранет од договорот.