сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеналот за Реал му го претвори животот во пекол на Мајкл Оливер (ВИДЕО)

Пеналот за Реал му го претвори животот во пекол на Мајкл Оливер (ВИДЕО)

Тој важеше за еден од најдобрите судии во светот, но една одлука го претвори неговиот живот во вистински кошмар.

Откако заврши мечот меѓу Реал Мадрид и Јувентус, каде италијанскиот великан успеа да анулира предност од 3:0, која мадридистите ја имаа после првиот меч, Мајкл Оливер директно кумуваше на елиминацијата на торинскиот клуб.

После тој меч, Оливе добива анонимни повици на телефонот, закани и што уште не.

Што е неговата грешка?

Тој досуди сомнителен пенал за Реал Мадрид во 93 минута, пенал за кој многу еминентни судии кажаа дека никогаш не би го осудиле, одлука која му донесе на Реал Мадрид поминување во следната фаза, а на Јувентус му го уништи можеби едно од најдобрите враќања во историјата на фудбалот.

Таа одлука му го промени животот, Оливер и неговата сопруга сега живеат под полициска заштита.

Фановите на италијанскиот великан дури и се потрудија телефонскиот број на Оливер да заврши на социјалните мрежи, со што само му ја отежнаа и така тешката ситуација во која се наоѓа после натпреварот Реал Мадрид- Јувентус.

Одлуката која беше во корист на Реал Мадрид, беше само уште една во серијата одлуки со која судиите директно му помагаат на шпанскиот клуб. Но, за сите досегашни одлуки во нивна корист, се чини дека казната ја плаќа токму Оливер.

Легендарниот голман на Јувентус, според многумина најдобриот во историјата на фудбалот, кажа дека Оливер место срце на тоа место има канта за ѓубре.

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини кажа дека тоа е најголемата кражба која ја видел во својата кариера.

Погледнете го ова видео каде е детално објаснето како е променет животот на Мајкл Оливер поради само една одлука: