Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси изјави дека не планира да се повлече од репрезентацијата и покрај лошиот резултат на Мундијалот во Катар.
Србија освои само еден бод на Светското првенство (СП) и како последнопласирана заврши во својата група, иако вечерва имаше шанси и за осминафинале, но сепак загуби од Швајцарија (2-3).
„Сакам да и честитам на Швајцарија. Не сме задоволни од резултатот. Имавме проблеми од самото доаѓање. Момците се бореа, но не беше доволно. Што се однесува до мојот статус, останувам селектор. Во март ќе ги продолжиме квалификациите за Европското првенство“, кажа Пикси.