среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пикси: Не ги читам коментарите, фокусот е ставен на победа над Швајцарија

Пикси: Не ги читам коментарите, фокусот е ставен на победа над Швајцарија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија Драган Стојковиќ-Пикси остана смирен и на прес-конференцијата се осврна на критиките во јавноста по натпреварите со Бразил и Камерун.

„Верувајте ми, ништо не сум зборувал, ниту пак сум прочитал. Верувам дека имаше критики, но не се занимавам со нив, ниту имам време. Сакам да им се заблагодарам на луѓето за поддршката, а за тие другите не сакам да коментирам.Не двоумете се – ќе дадеме сè од себе. Фокусот е на натпреварот, ќе направиме сè за да ги освоиме трите бода“, потенцира Пикси.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија се игра в петок со почеток од 20:00 часот.