среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пикси: Шокиран сум од нашиот пад во еден сегмент

Пикси: Шокиран сум од нашиот пад во еден сегмент

Драган Стојковиќ Пикси не може да биде задоволен од изданието на Србија на својата премиера на Светското првенство во Катар, нешто што и самиот го потенцираше во првите изјави по мечот кој неговиот тим го загуби со 2:0.

– Да бидам искрен, јас сум изненаден, изненаден сум од доминацијата на Бразил во физичка смисла. Комплетно паднавме на физички план во второто полувреме, да не кажам дека бевме катастрофални. Не можев да го препознаам мојот тим во тој сегмент. Зошто се случи тоа, не можам да дадам објаснување во овој момент. Можеби е замор, но против Бразил, јасно е дека ќе следи казна.  Првото полувреме беше навистина солидно од наша страна, добро се држевме и дури мислев дека можеме и да дадеме гол во вториот дел. Но, падот во физички план комплетно ме шокираше. Повредите си го направија своето, Митровиќ, Влаховиќ и Костиќ не се комплетно подготвени, а за тим како нашиот тоа е голем пех. Повредите дојдоа во најлошо време, но сега мора да се одмориме и да мислиме на другите два меча. Овој пораз не значи ништо. Утеха е тоа што загубивме од Бразил, но сметам дека и тоа како може да се игра против нив. Не сум импресиониран од нив, особено не во првото полувреме кога им париравме. Во вториот дел тие го искористија нашиот пад. Се надевам дека клучните играчи кои не беа комплетно подготвени ќе бидат во подобра ситуација за следните предизвици, – изјавил Пикси.