недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли: Јувентус е фаворит за освојување на Скудетото

Пиоли: Јувентус е фаворит за освојување на Скудетото

Тренерот на фудбалскиот клуб Милан Стефано Пиоли го смета Јувентус за фаворит во трката за титулата во Серија А.

Во калчо лигата веќе се одиграни шест кола по кои лидери се миланските ривали Интер и Милан со по 15 бода по што следи „старата дама“ со 13 поени.

-Првенството? Според мене четири екипи ќе се борат за титулата, а фаворит е Јувентус. Зошто? Затоа што немаат европски обврски, -истакна Пиоли кој го подготвува својот тим за соочувањето со Лацио.

-Моменталната ситуација на табелата не значи ништо, важно е само како ќе се подготвиме за натпреварот и каков ќе биде нашиот пристап. Задоволен сум од тоа како изгледавме на последните два натпревари, -порача стратегот.