Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги откри своите размислувања за претстојните настапи на неговиот тим. Тој призна дека не е задоволен од моменталната позиција на Милан во Серија А.
– Ја забораваме Лигата на шампионите и го насочуваме вниманието кон првенството. Мора да работиме напорно, не сме задоволни од моменталната наша позиција на табелата, изјави Пиоли.
Интер ќе се соочи со Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите. Средбата ќе се одржи на 9 мај.
Во Серија А, Милан се наоѓа на 5.место со 53 бода од 30 натпревари. Денес од 18 часот Милан ќе го пречека Лече.