четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли: Многу работи не функционираат како што треба во Милан

Пиоли: Многу работи не функционираат како што треба во Милан

Тренерот на iиталијанскиот фудбалски клуб Милан, Стефано Пиоли беше многу разочаран по дебаклот што неговиот тим го доживеа на гостувањето кај Лацио во Рим.

„Мораме веднаш да се фатиме за работа, бидејќи јасно е дека не бележиме игри според нашите можности. Многу работи не функционираат во Милан во моментов. Менталитетот, тактички работи, примаме многу голови во ситуации кои би морале поинаку да ги решиме. Овде сум затоа што треба да зборувам пред вас. Во спротивно би работеле во тишина“, изјави Пиоли.

.„Ова е деликатен момент. Јасно е дека не играме добро во последните две недели, што се одрази и на резултатите. Како што реков, мораме да работиме подобро и повеќе. Главниот проблем е играта без топка. Нема добри покривања, не сме агресивни, а комуникацијата мора да биде подобра“, рече искусниот стратег.

Милан е втор на табелата во Серија А со 38 бода, а Лацио е третопласиран со 37 бода. Во следната рунда „росонерите“ играат дома со Сасуоло, додека Лацио е домаќин на Фиорентина.