Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не беше расположен на средбата со новинарите по поразот во полуфиналето од Лигата на шампионите. Интер го совлада градскиот ривал како гостин со 0-2 и дојде до голема предност пред реваншот следниот вторник.Стефано Пиоли верува дека неговиот тим уште има шанси да ја сврти инерцијата во полуфиналето на Лигата на шампионите, особено ако се врати Рафаел Леао.
„Факт е дека Интер играше подобро во првото полувреме и постигна два гола, Милан се наметна и беше подобар во вториот дел, но не постигна гол.Ова е фудбал на високо ниво. Интер има повеќе квалитет и беше поефикасен во првите 45 минути, а ние направивме премногу грешки за ова ниво. Сакавме поинаков резултат, но мора да продолжиме да веруваме, бидејќи сè може да се промени во реваншот“, рече Пиоли.