петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли по триумфот над Динамо: Милан мора да направи уште еден чекор

Пиоли по триумфот над Динамо: Милан мора да направи уште еден чекор

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги сумираше своите впечатоци по натпреварот против Динамо Загреб. Италијанскиот тим синоќа победи со 4:0 во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Дали ова беше нашиот најдобар натпревар во Лигата на шампионите? Имавме малку тежок старт на турнирот, но бевме многу опасни и создадовме многу шанси. Но, мораме да направиме уште еден чекор и ќе се обидеме да го направиме тоа пред нашите навивачи. Знаевме дека не смееме да грешиме, а никогаш никого не потценуваме. Навистина важен чекор би бил да ја поминеме групата, нешто кое не ни успеа минатата сезона. Сега мислиме само на Торино, имаме добри шанси во првенството. Не чека тежок противник кој лани не стави во тешка позиција. Не треба да размислуваме за натпреварот со Салцбург како да е доволно и реми, тоа е погрешен менталитет, рече Пиоли.

По победата над Динамо Загреб, Милан се наоѓа на 2. место во групата Е со седум бодови.

Во последното коло на Милан му е доволен и нерешен резултат со Салцбург за да обезбеди пласман во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.