Миланските фудбалски тимови Милан и Интер го играат можеби најважниот натпревар оваа сезона, затоа што се на врвот во Серија А.
Со победа „росонерите“ ќе фатат приклучок, додека ако загубат Интер ќе се одлепи на врвот. Во пресрет на натпреварот зборуваше тренерот на Милан Стефано Пиоли кој изјави дека двајца исклучително важни играчи нема да настапат за Милан.
„Ибрахимовиќ и Ребиќ нема да можат да играат со Интер. Анте минатиот викенд заработи удар во скочниот зглоб, па сè уште не е заздравен и покрај обидите.Томори заврши одлична работа, ја надмина повредата и ќе биде на располагање, но мислам дека ќе остане на клупата. Од операцијата на коленото досега заздравувањето оди одлично, можеби ќе добие минути во дербито“, смета Пиоли.
Ибрахимовиќ влече повреда подолго време, па иако работеше да ја надмине, не успеа во тоа и го чека барем двонеделна пауза.