сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли: Ретко кој може да ја чита играта на таков начин

Пиоли: Ретко кој може да ја чита играта на таков начин

Милан успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите по цели 16 години, а Стефано Пиоли е прв тренер на кој му успеа такво нешто по Карло Анчелоти. Пиоли очекувано е горд на своите фудбалери и покрај фактот што неговата екипа мораше да игра дефанзивно во голем дел од мечот.

– Мислам дека минималната предност од првиот натпревар на еден начин ни даде предност, но на друг значеше одредена блокада на реваншот. Со оглед на враќањето на Осимен, решивме да играме подефанзивно и да не им оставиме простор од кој би можеле да ни наштетат, – рекол Пиоли.

Тој го истакнал Раде Круниќ поради неговиот ефект со извршените дефанзивни задачи.

– Не се многу фудбалерите кои можат да ја читаат играта како Раде, без разлика дали е во напад или одбрана. Мора да бидете трпеливи и да се соочите со притисокот, а ние денеска успеавме, – вели Пиоли.