четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли со солзи го напушти стадионот, поради смртен случај не одржа прес-конференција

Пиоли со солзи го напушти стадионот, поради смртен случај не одржа прес-конференција

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не одржа прес-конференција по победата над Фиорентина со 2:1 во 15. коло од Серија А.

Пиоли го напушти стадионот „Сан Сиро“ пред почетокот на прес-конференцијата за медиуми на која наместо него се појави спортскиот директор на Милан, Паоли Малдини.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли си заминал итно поради смртен случај во семејство, ненадејно починал братот на неговата сопруга.