недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли за поразот од Наполи: Милан не требаше да загуби

Пиоли за поразот од Наполи: Милан не требаше да загуби

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е разочаран по поразот од Наполи, синоќа на натпреварот од 7. коло на Италијанското фудбалско првенство.

Во Милано, Наполи славеше со 2:1, а Милан ја погоди пречката на пет минути пред крајот и пропушти да се спаси од пораз.

– Не сум задоволен од играта. Требаше да постигнеме повеќе голови. Има разочарување во нашиот табор бидејќи не требаше да загубиме. Игравме подобро од Наполи, изјави Пиоли.

Милан го претрпе првиот пораз сезонава и падна на петтото место со 14 бода. Наполи е прв во Серија А со 17 бодови, пред Аталанта која има исто така 17 бода.  (МИА)