понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли: Златан го подобри Милан на многу начини

Пиоли: Златан го подобри Милан на многу начини

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги сподели своите импресии за играта на напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

– Златан нè направи подобри во многу аспекти на теренот и ни даде нешто што претходно го немавме. Неговото присуство е важно и од аспект на физички и тактички план. Тој создава многу простор за соиграчите, а неговата личност и менталитет се клучни, изјави Пиоли.

Оваа сезона Ибрахимовиќ има одиграно 16 натпревари во Серија А, на кои постигна седум гола и направи четири асистенции. (МИА)