Досегашниот фудбалер на Џенова, Кшиштоф Пјатек, кариерата ќе ја продолжи во Милан, објавија италијанските медиуми.
Можете да објавите дека работата е завршена, им изјавил Паоло Скарони, претседателот на Милан на тамошните новинари.
Трансферот се проценува на 35 милиони евра.
Оваа сезона Пјатек настапи на 21 натпревар и постигна 19 голови.