вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Лидерот Струга се засили со Кривањева

ПМФЛ: Лидерот Струга се засили со Кривањева

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга, ги засили денеска своите редови со 26 – годишниот централен дефанзивец Бесарт Кривањева.

Поранешниот македонски младински репрезентативец доаѓа во редовите на Струга од косовската Суперлига, откако претходно настапуваше и во македонските екипи Металург и Шкупи.

Лидерот во ПМФЛ подготвувките за пролетниот дел од сезоната ги почна во Струга, од 24 јануари до 5 февруари ќе се подготвува во Турција, каде тимот предводен од тренерот Срѓан Захариевски ќе одигра и неколку контролни натпревари.

Струга ја заврши есенската полусезона во ПМФЛ на водечкото место со 36 бодови, пет повеќе од второпласираниот Шкупи, кој има одиграно натпревар помалку.